430
Полицијата го приведе жителот на Родоман кој пред два дена нападна снимател од новинарска екипа и му ја оштети камерата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 19.07.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.Р.(43) од Росоман. Тој, на 18.07.2023 на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон новинар на телевизиска екипа кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.