Приведен возачот што прегази малолетничка во Велес

by Fokus

Велешката полиција денеска го приведе велешанецот А.Н. кој на 17-ти овој месец усмрти малолетно девојче кое го удрил со своето возило на пешачки премин во Велес.

-По преземени мерки и активности, велешката полиција денеска во 11:30 часот во Велес го лиши од слобода велешанецот А.Н.(29) кој на 17-ти овој месец околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди, информираат од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од СВР Велес.

Поврзани новости