375
Приведен е возачот на камионот кој учествуваше во сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Килево, а во која животот го загубија две лица. Се работи за државјанин на Косово.
„На 12.09.2024 во 21.55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Т.(60) од Р. Косово, во врска со сообраќајната несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево на излез од Гостивар.
Тој е задржан во полициска станица и во текот на денешен ден по претходна брза постапка ќе биде изведен пред надлежен суд“.