Австриската полиција го приведе и третиот осомничен за ѕверското убиство на 13-годишната Л.В. во Виена, јавуваат тамошните медиуми. Тој е осомничен дека заедно со уште двајца Авганистанци на возраст од 16 и 18 години, го дрогирал, силувал и задавил девојчето.
Неговото тело беше пронајдено во саботата наутро, потпрено на дрво. Настанот ја згрози и длабоко ја вознемири светската јавност. Според австриските медиуми, полицијата има сознанија дека девојчето било намамено во станот на 18-годишниот Авганистанец, кој државата му го дала на користење. Во истиот стан живееле повеќе луѓе, кои чекале азил.
Откако ја дрогирале, силувале и задавиле, тие го оставиле телото на Л.В. потпрено на дрво, на улица. Нејзините родители го идентификувале телото во неделата, откако полицијата објавила дека жртвата носела црн дуксер со специфичен натпис. Свесни дека нивното девојче носело таков дуксер, тие веднаш пристигнале во полициската станица.
Според медиумите, девојчето го познавало едниот од убијците. Еден од приведените веќе и бил познат познат на полицијата поради бројни кривични дела.
Суровото злосторство длабоко ја вознемири јавноста, а потресени граѓани оставаат запалени свеќи покрај дрвото каде беше пронајдено телото на девојчето.
Вики Клинчарова