Приведен управител на угостителски објект, затекнати биле 100 гости

by Фокус

Во угостителски објект во Тетово вчера биле затекнати 100 гости, а полицијата го приведе управителот за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Во период од 13.30 до 14.30 часот при спроведена акциска контрола на полициски службеници со инспектори од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека во угостителскиот објект во Тетово на кој што Е.Х. бил управител биле затекнати околу 100 лица, спротивно на законот“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости