621
Осумнаесетгодишен тинејџер од селото Шишево, општина Сарај вчера бил приведен на граничниот премин Табановце откако било констатирано дека се бара за кривично дело мачење на животни.
Тој бил спроведен во единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров и таму признал дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.