220
Денеска (04.10.2023) во 14.00 часот на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(59) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „затајување“, по член 239 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.