Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, по претходнo добиена судска нареба, изврши претрес во домот на А.С.(39) во с.Марино и притоа биле пронајдени и одземени: една ловна пушка марка „BAIKAL“ Mod.IŽ-58, кал.16GA, едно огнено оружје „Zastava Europe“ Mod.M-70, кал. 9мм, две рамки за пиштол, 29 куршуми и 16 ловни патрони, за кои А.С. не поседувал дозвола.
Исто така, пронајдена е и една ловна пушка „BAIKAL“ Mod. MP-153, кал.12GAх3 и 41 ловен патрон, за коишто лицето поседувало дозвола за оружје. По ова А.С. бил лишен од слобода, а во врска со настанот бил известен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки лицето да се задржи за понатамошна постапка. Предметите со наредба од обвинител ќе бидат предадени на вештачење.