442
Денеска (14.10.2023) околу 08.20 часот на граничниот премин Ќафасан, при влез во земјава, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје, кој бил баран со потерница поради основи на сомнение за сторено кривично дело насилство на 27.07.2023 извршено на ул.”Цветан Димов” во Скопје врз навивачи на ФК Левски од Софија.
По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок.