Приведен Скопјанец баран за издржување затворска казна

by Fokus

Министерство за внатрешни работи соопти дека е приведен скопјанец кој е баран по потерница за издржување затворска казна.

-Денес во 14.00 часот на булевар Борис Трајковски полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје. Тој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор, а во врска со сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик.

Ќе биде предаден на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, соопшти полицијата.

Поврзани новости