Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов потврди дека синот на претседателот Румен Радев – Георги бил приведен во саботата навечер поради нарушување противепидемиски мерки – присуство на забава во хостел во Софија.
Според полицијата, на забавата имало 11 малолетни лица и тројца полнолетни, јави дописникот на МИА од Софија.
– Да, можам да потврдам дека … синот на претседателот беше таму. Не можам повеќе да ви кажам. Ние не спроведуваме истрага, изјави тој.
Тоа не е прв случај на судир на синот на Радев со законот. Во 2019 година тој беше приведен во дискотека по тепачка. Две години порано беше вклучен во тепачка меѓу ученици.
Од Кабинетот на бугарскиот претседателч негираа дека синот на Радев е приведен.
„Жално е што претставниците на извршната власт се вклучуваат во објавување невистини и, од друга страна, ги газат законските гаранции за заштита на идентитет на малолетници“, се вели во соопштенеито од Кабинетот на Радев.