Приведен разбојник за издржување затворска казна

by Fokus

На 09.03.2025 во 11.20 часот на улица ,,Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле С.Ѓ.(45) од Охрид. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд во Охрид за издржување на казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „.разбојништво.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.

Поврзани новости