Приведен поранешниот в.д. директор на Централен регистар

by fokus

Приведен е поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски поради сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата.

Поповски се товари дека вработувал партиски кадри.

За ова дело се осомничени уште четири вработени во Централниот регистар кои засега не се лишени од слобода.

Од Централен регистар за „Фокус“ потврдија дека Поповски бил повикан во Финансиска полиција, но немаа повеќе детали за целата ситуација.

Поврзани новости