Приведен осомничен во врска со убиството во „Шиша бар“

by Fokus

МВР информира дека денеска во Скопје приведен е скопјанецот Г.М.(31) кој бил баран со потерница од надлежното Обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06. март годинава

Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање” по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ.

Како што информираа од Обвинителство, осомничениот на 18 февруари во Косово, со умисла помогнал во извршување на кривично дело, односно учествувал во купопродажба на автомобил кој подоцна на 6 март бил искористен за извршување на кривичното дело – убиство во кафе барот на улица „Самоилова“ во Скопје.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека тој ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, соучесници или прикривачи и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува.

Поврзани новости