1.7K
Бизнисменот Орце Камчев утрово е приведен, дознава Фокус од доброупатени извори.
Според нашите информации, Камчев е уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала информации дека наводно се спрема за бегство.
По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сега обвинителството ќе бара притвор, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”.
Од МВР за “Фокус” ја потврдија информацијата, односно дека Камчев е приведен и дека ќе биде изведен пред суд.
В.В.