Приведен новинарот на „Борба“, Дражен Живковиќ

by fokus

Новинарот и уредник на црногорскиот портал „Борба“, Дражен Живковиќ утрово е приведен во Подгорица по налог на Основното државно обвинителство.

Според неофицијални информации од Управата на полицијата, Живковиќ е приведен бидејќи не се одзвал на сослушувањето во Основното државно обвинителство.

Против Живковиќ пријава поднесе Демократска Црна Гора. Демократски фронт го осуди приведувањето на новинарот Живковиќ.

– Демократски фронт посебно го осудува самиот чин на апсење на новинарот Живковиќ, претставник на јавниот збор, што дополнително говори за бескрупулозноста на полицискиот режим. Со тоа е извршен уште еден флагрантен удар на слободата на медиумите и новинарската дејност во Црна Гора, која е последниот бастион на ригидната диктатура во Европа, се наведува во соопштението на Демократски фронт.

Во соопштението, исто така се посочува дека приведувањето на Живковиќ е по пријава на опозициска партија, која го обвинува новинарот за фалсификување на документи.

Фото – in4s.net

Поврзани новости