940
Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на тв 24
Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24, Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, потврдиле за ТВ 24 од истрагата. Пенов ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвонителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот.
Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално, а потоа физички го нападна. Исказ во полиција даде и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој беше исто така цел на вербален напад од Пенов.