350
Маж од Свети Николе на возраст од 31 година е приведен под сомненје дека вчера околу 13 часот и 30 минути кај местото „Крушки“ во атарот на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој подоцна се проширил на сувата трева околу куќата.
-По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост, соопшти МВР.
Пожарот бил локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.
Пред два дена беше уапсен и маж од радовишкото село Али Коч поради подметнување пожар во близина на селото.