376
На 04.09.2024 во 11.45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(38) од Пробиштип.
Тој се сомничи дека на 03.09.2024 околу 05.30 часот со запалива течност предизвикал пожар на влезната врата и предмети пред влезната врата од станот сопственост на Н.В.(46).
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.