145
На 11.09.2024 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.Љ.(46) од с.Черкези, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.
И.Љ. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.