Приведен криумчар на мигранти: Во комбето превезувал 30 лица

by Fokus

Млад жител на Кавадарци е фатен како со комбе превезува мигранти.

Според информациите, синоќа околу 20 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН Михајлово и ПС за ГП и ГН Богородица го привеле И.С. (23) од с.Корешница, кој со комбе „рено“ со кавадаречки регистерски таблички превезувал 30 мигранти.

Возачот се обидел да избега од местото на настанот, но бил лишен од слобода од страна на полициските службеници. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани новости