На граничниот премин „Богородица“, на излез од државата вчера во 22 и 45 часот е приведен криумчар на мигранти во чие товарно возило со полуприколка се пронајдени 15 лица од Кина, од кои едно е малолетно, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму велат дека од страна на полициски службеници од РЦГР Југ е лишен од слобода М. А. (38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални таблици, откако по извршена проверка, во полуприколката се пронајдени 15 мигранти од Кин, од кои едно е малолетно лице.
„Известен е јавен обвинител на ОЈО за ГОКК Скопје поради постоење на основи за сомневање дека сторил кривично дело криумчарење на мигранти по член 418-б ст. 4, а во врска со ст. 2 од КЗ, против М. А. ќе биде поднесена соодветна пријава“,информираат од МВР.
Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија