41
Денеска (17.03.2024) околу 5 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово го лишија од слобода М.А. (22) од Скопје, затоа што во возило „пежо“ превезувал пет лица мигранти од Сирија.
М.А. не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото е запрено, а М.А. лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.