664
Полициски службеници од Полициската станица Тетово, денеска, врз основа на судска наредба, го привеле Р.Х.(31) од Тетово за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, лицето било приведено утрово во 7 часот на ул.„146“ во Тетово, а по приведувањето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.