474
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10.20 часот во скопското село Синѓелиќ го лишиле од слобода З.В.(49) од тоа село.
За него, како што посочуваат од МВР, била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од пет години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, информираат од МВР.