Приведен криминалец баран за затворска казна од три години

by Fokus

На 18.12.2024 во 08 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(30) од Куманово.

Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Љ.Р. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Поврзани новости