Приведен криминалец баран со потерница

by Fokus

На 24.10.2024 во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“.

Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“. Ѓ.П. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.

Поврзани новости