Приведен криминалец баран со потерница

by Fokus

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20.30 часот го привеле Н.А.(21) од село Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна.

– Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Куманово, информираа денеска од МВР.

Поврзани новости