Приведен криминалец баран по потерница за шестгодишна затворска казна

by Fokus

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека привеле криминалец баран по потерница за издржување шестгодишна затворска казна за обљуба на малолетно лице. 

-Денеска (31.08.2023) во 15.00 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Свети Николе, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од Полицијата велат дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР

 

Поврзани новости