0
На 06.02.2025 во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.