931
Во текот на вчерашниот ден, уапсен е 37-годишен жител на Ѓорче Петров откако било констатирано дека врши кражба на струја.
„На 16.07.2021 во 14.30 часот од полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров на подрачјето на Ѓорче Петров е лишен од слобода В.П.(37), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик. При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери ‘мајнери’ за копање на криптовалути. Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.