31
Кавадаречката полиција синоќа привела 35-годишен маж од Кавадарци кој насилно се однесувал и му се заканувал на градоначалникот на општината, Митко Јанчев. Инцидентот се случил во угостителски објект.
„Синоќа во 23:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н. (35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј. (43) од Кавадарци и му упатил закани“, информираат од МВР за МИА.
Мажот, како што соопштија од полицијата, е задржан во станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.