Приведен кавадарчанец кој со автомобил полн мигранти излета во провалија и побегна

by Fokus

Приведен кавадарчанец кој пред една недела со автомобил полн со мигранти излета во провалија и побегна. Во инцидентот загина еден од мигрантите, а останатите беа повредени.

„На 18.01.2024 во Гевгелија, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.Ш.(39) од Кавадарци, со привремен престој во Гевгелија. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека на 12.01.2024 околу 20.00 часот, тој го управувал патничкото моторно возило „крајслер“, кое во близина на Дојран излета во провалија, а во кое превезувал 11 лица мигранти од Сирија, од кои едно лице почина, а останатите се здобија со повреди.

Според пријавеното, пред да излета возилото, тој скокнал од него и го напуштил местото. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 418 – б став 3 и 4 и член 300 став 4, а во врска со член 297 и член 301 од Кривичниот законик.

Поврзани новости