Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ

by fokus

Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ,неофицијално дознава,,Фокус”.

Како што дознаваме, Деспотовски е приведен во врска со случај на Управата за финансиска полиција. Тој сабајле давал исказ во суд.

Според нашите информации, станува збор за наводна проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.

Нашите извори тврдат дека ќе се бара замрзнување на имотот на компанијата, чие име и е познато на редакцијата на “Фокус”, а за него најверојатно ќе се бараат мерки на претпазливост.

Поврзани новости