431
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје денеска го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 16-годишниот З.Т. на автобуската постојка „Рекорд“, информираа вечерва од МВР.
-Приведениот заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од с.Љубин, скопско, физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот. Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, се вели во известувањето од МВР.