48
На Граничен премин Табановце вчера полициски службеници привеле грчки државјанин, кој понудил поткуп.
Според информациите, Д.К.(49) од Република Грција, при пасошката и граничната контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.
Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.