Приведен гостиварец за издржување казна затвор од три ипол години

by Fokus

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар синоќа, во 21 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и други простори кај Б.Р. (38) од Гостивар и го привеле за издржување казна затвор од три години и шест месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Како што соопшти МВР, Б.Р. се товари за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Поврзани новости