Велешанец е приведен под сомнение дека предизвикал пожар кај депонијата што се наоѓа на патот од село Горно Оризари кон село Клуковец.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата, преземени се мерки од страна на полициски службеници при што е затекнат С.Ц. од селото Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е опожарена сува трева.
„По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност”, се наведува во соопштението.
Од МВР апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.