0
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21-годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.
Како што попладнево информираат од СВР Велес, А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.