Приведен е кавадарчанец кој пукал кон куче и го ранил!

by Фокус

Маж на возраст од 48 години од Кавадарци вчера наутро пукал со воздушна пушка кон куче и го ранил. Истиот бил пријавен во полиција, по што полициските службеници го привеле. Настанот за ,,Фокус” го потврдија од СВР Велес.

-На 16.11.2023 во 12.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.С.(48) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на С.Н.(44) од Кавадарци. На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица. По документирање случајот, против него ќе биде поднесена соодвтена пријава – известија од СВР Велес.

И покрај јасните законски одредби за благосостојба на животните, изживувањето врз нив во земјава не се намалува. Минатата недела во населбата Глишиќ во Кавадарци беше расфрлан отров – ланате, и беше отруено маалско куче кое жителите го опишаа како мирно и држељубиво.

Од обвинителството, но и од локалните здруженија за заштита на животните вчера информираа дека полицијата успеала да го пронајде трујачот, маж на возраст од 32 години од истата населба, и тој го признал делото.

Како потсетување, за предизвикување на општа опасност, односно за расфрлање на отрови на јавни површини е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години, а пак за мачење на животни и суров третман, предвидена е парична казна или затвор до шест месеци.

В.К.

Поврзани новости