Приведен e битолчанец, со воздушна пушка гаѓал кучиња скитници

by Fokus

МВР информира дека вчера во 18.30 часот во Битола на ул. „Димитар Илиевски Мурато” од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И.Г.(29) од Битола.

Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници.

Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

 

Поврзани новости