1.4K
МВР утринава го приведе Драги Рашковски и во моментот го носат во суд, бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара да му биде одреден притвор, дознава Фокус.
Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“. Притворот се бара поради предметот поврзан со набавката на софтверот.
Обвинителката Вилма Русковска не ја потврди ниту демантираше информацијата на “Фокус”, но најави соопштение.
Рашковски пред неколку дена си поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Премиерот Зоран Заев ја прифати оставката.