388
Вчера во 06.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишила од слобода А.С.(49) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.