202
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (14.11.2023) околу 16.00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, со судска наредба, го привеле 28-годишниот гостиварец А.И..
Тој се барал за издржување на затворска казна од година и пол за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. А.И. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.