619
Полицијата информира дека вчера околу 15.00 часот на автобуска постојка на ул. „Димитрија Чуповски“ (центарот на главниот град), полициски службеници од одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар Бит Пазар го лишиле од слобода К.С.(52) од Скопје.
Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од чанта на С.К.(68) од Зелениково, Скопско, одзел мобилен телефон.
К.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.