613
Лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ синоќа бил приведен во полициската станица.
Според информациите на српските медиуми, Јовановиќ поминал осум часа во полициска станица и бил приведен поради напад на адвокатот Немања Алексиќ од Нови Сад. Го нападнал во центарот на Белград, а по интервенција на полициската патрола бил приведен.
Веднаш по пишувањето на медиумите, на својот Инстаграм профил се огласи и самиот лидер Јовановиќ.
„Додека ја паркирам колата пред зградата, пријателите се јавуваат и прашуваат… Не сум толку луд“, напишал тој.