865
Полициски службеници од СВР Битола денеска го привеле И.Н.(24) од Битола, кај кого била пронајдена марихуана.
МВР соопшти дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 и 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.