Приведен албански државјанин поради разбојништво

by fokus

37-годишен жител на Албанија во текот на вчерашниот ден е приведен во Полициска станица Струга. Тој е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „Разбојништво“.

„На 18.09.2018 година во 16,50 часот во Полициска станица Струга е приведен О.П. (37) од Валона-Албанија. За истиот, од судија за претходна постапка и Јавен обвинител се дадени насоки да се лиши од слобода, поради основано сомнение за сторено кривично дело “Разбојништво”извршено на 03 август на бензиска пумпа лоцирана на место викано „Суво поле“ во село Велешта, струшко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, истакнаа од МВР.

Поврзани новости