64
Во Москва денеска е приведен Василиј Дубков, адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Тој наводно бил уапсен поради „нарушување на јавниот ред и мир“, пренесува Нова газета.
Дубков ја придружувал мајката на Навачни, Људмила до Салехард, каде било пренесено телото на рускиот политичар.
Навални почина на 16 февруари, а неговото тело и беше предадено на мајка му.
Датумот на погребот ќе биде одреден подоцна.
Навални отслужи 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.