512
Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.
Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.
-Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исход или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела, рече Јовановски.